Ниту капките дожд во вировите пред партискиот штаб, не го навестија големиот„потоп“ на СДСМ со изборниот резултат.
Ноќта кога СДСМ ја изгуби власта, никој не смогна сили пред нашата камера да зборува за личниот придонес кон изборниот дебакл. Во засебниот штаб на кандидатот Стево Пендаровски во „Александар палас“ цела вечер беше тивко и празно. Само група туристи од Германија се изненадија од фактот што се на исто место со сè уште актуелниот шеф на државата.
Пендаровски кажа дека нема да бара државна пензија и дека се враќа на професорката работа. Ковачевски пак, повика на партиски Конгрес за избор на ново раководство. Што се случуваше пред и зад камерите, погледнете во видеото.
Негізгі бет Ноќта кога и СДСМ и Пендаровски ја изгубија власта
Пікірлер: 6