Албум: До последен здив - 2002
Nokaut - Telefonskiot broj ne postoi
Постојат луѓе а и типови разни
Викаат дека сме биле безобразни
А како и да е јас полека си гурам
И сакам на сите нив да им го турам
Паметот у глава за да им дојде
Зошто нивното време веќе одамна пројде
А дојде една жена и почна да вриска
Да ме гушка и љуби а јас да и ги стискам
Рацете, и викам кажи мори што е
Проблемот што те донесе јас не го знам кој е
А она вика дај ми го твојот број од дома
Да не направам скандал и да паднам у кома
И не знам зошто ама беше многу дрска
Па почнав да лупам некои броеви без врска
Главната финта во тоа се состои што
Телефонскиот број не постои
Реф:
Не, таков број не постои
Пред некој ден одам у парк зошто изгубив нерви
Кога таму некои деца зеле играат сервис
Гледам топката се тркала па земав и ја шутнав
И на една женска случајно и го бутнав
Точакот кој и беше потпрен на клупа
Ја загледав од далеку и ми се виде глупа
Реков: не сакав стварно ти се колнам жими уши
А она ме гледа се наместила и пуши
Некаква цигара и сеуште ме блене вика:
Дечки нема проблем дојди седни до мене
Ја се изнервирав па ми дојде да ја скршам
и реков дека имам некоја работа да свршам
И она неш'о као вика: дај ми телефон
Па ја направив будала поголема од слон
Главната финта во тоа се состои што
Телефонскиот број не постои
Реф:
Не, таков број не постои
И не знам кога беше али бев у кафана
Нешто немаше место па си застанав од страна
Кога таму гледам една добра риба
Човече ти викам обожава да се шиба
Со дезодоранси и разни парфеми
Не е она знаеш како некои други жени
А и на мозокот можев да добијам циста
Се утепав од мислење дали и е чиста
Совеста, зошто почна да се кочи
И незгодно и беше да ме погледне во очи
Наеднаш станав и ми текна што да правам
Апсолутно тогаш решив да и го ставам
Моето кафе на нејзината маса
Се понашав како да сум некој главен градски даса
Планот ми беше до неа да се бапнам
Нешто муабет да свртам и кафенце да џапнам
Седи рече она и почнав да ја прашувам
Прашуваше и она тогаш почнав да и кажувам
Знам дека си срце, пошто сакав да ја ќарам
Дај ми го твојот број од дома вечер ќе те барам
И вечерта вртев зошто целиот ме напали
А гадно ме зезна море гром да ја запали
Нејзината финта во тоа се состои што
ТЕЛЕФОНСКИОТ БРОЈ НЕ ПОСТОИ!!!
Негізгі бет Нокаут - Телефонскиот број не постои (HQ)
Пікірлер: 2