Вкусот на пица им е омилен и на децата, и на возрасните. Ова е одлична идеја како да подготвите нешто ново, а да бидете сигурни дека на сите ќе им се допадне. Освен инвентивни ќе бидете и мудри, а наместо како предјадење одлично ќе Ви дојдат и за појадок или вечера.
Piroski so vkus na pica
ПИРОШКИ СО ВКУС НА ПИЦА
за 4 лица
- 350 г брашно
- 350 г варени, лупени компири
- 200 мл млако млеко
- 100 мл вода
- 2 јајца
- 1 свеж квасец
- 1 кафена лажица оригано
- 200 мл кечап
- 200 г кашкавал
- 150 г кругови шунка
- 100 г лебни трошки
- масло за јадење
- Хималајска сол
Потребно време за подготовка на ова предјадење е 60- минути, не сметајќи го времето за стасување.
Компирите ги гмечиме со алатка и ги ставаме во длабок сад. Квасецот го рониме со рака, го додаваме во тенџерето со млакото млеко и мешаме со лажица додека не се растопи. Потоа млекото со квасец го додаваме во садот со компирите. Јајцата ги кршиме, белките ги оставаме во сад на страна, а жолчките ги додаваме во длабокиот сад. Ги додаваме брашното и ориганото. Посолуваме и со водата замесуваме тесто. Оставаме да стасува 30-тина минути на топло место.
Круговите шунка ги сечкаме на коцки и ги ставаме во длабок сад. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот и го промешуваме филот со лажица.
Стасаното тесто го размесуваме на набрашнета работна маса. Го сечеме на парчиња со големина на орев, формираме топчиња и од секое топче со сукалка развлекуваме кора. Ја премачкуваме првата кора со кечап. На средината нанесуваме од филот од кашкавал и шунка. Ги свиткуваме краевите на кората кон внатрешноста и виткаме ролат. На истиот начин ги подготвуваме сите пирошки.
Преостанатите белки ги посолуваме и ги матиме со виљушка. Пирошките ги свалкуваме во изматени белки и лебни трошки. Ги пржиме на поголема количина загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме пирошките од тавата и ги ставаме на чинија, обложена со хартија.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со два листа марула и врз секој лист ставаме по една лажица кисела павлака. Во форма на тараби на чинијата ги сервираме пирошките и ги декорираме со кечап.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.
Hrana i Vino MKD
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino
Негізгі бет Тәжірибелік нұсқаулар және стиль Piroski so vkus na pica | Hrana i Vino MKD
Пікірлер: 3