28.07.1999, Градски стадион - Скопје
Натпревар во рамките на второто квалификациско коло на Лигата на шампиони сезона 1999-00.
Избраниците на Ѓоре Јовановски во најмала рака беа рамноправен противник, но поради неискуството и можеби по единствената грешка што ја направи одбраната на чаирчани, Дагард го принуди Јовчев на капитулација. Во понатамошниот тек, фудбалерите на Слога Ј. одиграа добра партија, но напаѓачите немаа свој ден и во реваншот во Копенхаген се отиде со резултатска негатива од 0:1.
Слога Југомагнат: Јовчев, Чолаковиќ, Омерагиќ, Здравевски, Абази, Мисердовски, Мемеди, Бегановиќ, Мустафи, Ариф, Беќири (замени: Фетаи, Блажевски, Пресилски)
тренер: Ѓоре Јовановски
Брондби: М.Хог, Бјур, Нилсен, Да Силва, А.Јенсен, Смит, Дугард, Кристенсен, Голдинг, Багер, М.Јенсен (замени: Мадсен, Олсен, С.Хог)
тренер: Том Колерт
стрелци: Дагард 15'
Негізгі бет Слога Југомагнат - Брондби 0:1 (28.07.1999) [ЛШ 1999-00 второ квалификациско коло]
Пікірлер