Во режија на Дејан Пројковски, а во продукција на 2S, деновиве во Битола се снима спотот за „Божикна серенада“. Денеска Ви овозможуваме кратко да ѕирнете што се случува таму, а за сликата да Ви биде комплетна, ќе се погрижат режисерот Дејан Пројковски, актерката Соња Михајловска и младата „гулабица“ Благица Пупуноска.
„Овие неколку денови се обидовме да ја живееме серенадата преку една прекрасна Божикна песна којашто на најубав начин ќе ја покаже традицијата и семејните вредности на македонскиот народ и ќе не’ врати малку во времето низ една филмска приказна снимана во Битола, градот којшто ја има серенадата како дел од својата културна традиција...“
🌠 Премиерата на спотот за „Божикна серенада“, традиционално Ви ја закажуваме за Бадник.
🙏😇 Со благослов на Владиката Партениј од @BigorskiManastirOfficial, ова е 6-та возобновена Божикна каланда со која ќе го славиме Христовото Раѓање на најубав можен начин.
❤ Следете не’ за многу повеќе радост, среќа и насмевки во празничниот период што следува.
Негізгі бет Од снимањето на спотот за „Божикна серенада“, декември 2021
No video
Пікірлер