🎥 Ве поздравуваме од една од најубавите точки на планетата, од нашиот Галичник, каде што го допревме првиот снег годинава, собрани со преубава екипа на луѓе, облечени во празнична мијачка руба, за да го снимиме видео спотот за една од најубавите Божикни песни (каланди) досега, песната "ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!", која што ќе биде нашиот овогодишен Божикен подарок за Вас.
Во оваа прилика, актерот Мето Јовановски, како дел од нашата екипа, ви се обраќа со зборовите:
- За мене е чест и привилегија што сум дел од оваа мала филмска сторија, како едно мало потсетување на некои наши традиционални обичаи, посебно мијачкиот крај, мијачката носија, кога луѓето во дадени денови во годината, како што е на пример Рожденството Христово, луѓето се облекуваат во најубавата одежда, одат во Црква, Му се поклонуваат на Богомладенецот, а потоа како домаќини дочекуваат деца, пејачи и ги даруваат богато... Еден прекрасен обичај и традиција наша македонска, која опстојува со векови, и убаво е, конечно ние, на некој начин, да оставиме документ, еден мал документ и придонес за овие и идните генерации, како потсетување дека опстојуваме со векови преку традицијата, преку обичаите и преку нашата Света Православна Црква...
Режисерот Дејан Пројковски, пак, кој со задоволство ја прифати нашата покана да даде свој придонес во овогодинешната прослава на Божик, изјави:
Многу ми е драго што сум дел од екипата која што го реализира овој Божикен спот, со благослов на Владиката Партениј... Мислам дека овие денови, го оживеавме Галичник, едно од местата кое што е симбол на Македонија и симбол на се' она што е, би рекол и народна традиција и семејна традиција... Мислам дека во спотот се обидуваме всушност да се присетиме дека меѓу овие прекрасни куќи, прекрасни места и локации, живееле сите наши претци со своите традиции, празнувања на Божик... и ако погледнеме некои стари фотографии од пред 100 тина години, секогаш се запрашуваме како би било кога ќе оживеат тие стари фотографии... Мислам дека преку спотот, сите ќе се присетиме на некои семејни вредности и традиции, кои што се подзаборавени и сега ги празнуваме на некој друг начин...
А за специјалноста на моментот, ни зборува Вера - Љубојна и истакнува:
- Ова е една многу специјална песна, не само затоа што е на иницијатива на Бигорскиот манасастир и што е дел од Бадниковите поворки, туку и заради илјадалетието на нашиот најголем духовен центар, а тоа е Бигорскиот манастир...
- Ова е песна која што комплетно ја изработи "Љубојна", специјално за Вас и се надевам дека ќе го препознаете македонскиот бит, мијачкиот бит во неа и дека ќе уживате овој Божик, дека навистина ќе ви пренесеме радост во вашите домови и ќе ги развеселиме и вашите срца...
"ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!"
Режија - Дејан Пројковски
Директор на фотографија - Горан Наумовски
Монтажа и камера оператор - Стојан Стојановски
Учесници : Љубојна, актер - Мето Јовановски, голем број на музичари и статисти
шминка: Марга Миновски
2С Студио
Јасмина Колоска
Кристијана Ангелоска
Стојан Стојановски
Голема благодарност до:
Стручен соработник - Антонио Стојчески, Хотел Неда - Галичник, Ансамбл Орце Николов - Сашо Кузаревски, Ансамбл Етнос - Ване Наков, Ансамбл Македонија - Владо Јаневски, Александар Костиќ - Претседател на месна заедница Галичник.
За многу години!
Негізгі бет Од снимањето на видео спотот за "ХРИСТОС СЕ РАЃАТ, НА СВЕТОТ РАДОСТ!"
No video
Пікірлер