Во организација на Тивиус Продукција во петок (12.04.2019 - во периодот од 18-20 часот) во Кавадарци ќе биде одржана кратка работилница за локалните компании.
Гостин и предавач на настанот ќе биде Александар Кочовски. Александар е бизнис консултант кој има соработувано со преку 40 компании од Македонија.
Има одржано бројни работилници, предавања и семинари, од областа на бизнисот и претприемаштвото, со преку 500 луѓе.
Денес Александар Кочовски има сопствена компанија и работи како советник и бизнис консултант на успешни компании од Македонија. Исто така е активен и на социјалните мрежи каде преку креативни видеа споделува совети и искуства со неговата публика
_______________________________________________________________
ТЕМА: "Како да го откриете скриениот потенцијал во Вашата компанија"
ЛОКАЦИЈА: Хотел ФЕНИ Кавадарци (Конференциска Сала 6ти Кат)
ЦЕНА: Трошоците за настанот ги покрива Тивиус Продукција како допринос и поддршка за локалните бизниси.
За да резервирате место, посетете го овој линк: bit.ly/2HZxv3V
Негізгі бет Работилница за компании во Кавадарци
Пікірлер