На само неколку часа до објавувањето на видео спотот за најново возобновената божикна песна „Христос се роди денес“, во друштво на актерите Владо Јовановски, Владо Дојчиноски и Љупчо Бојковски ви раскажуваме за големиот проект кој е пред самото финале.
Над 70 учесници, исто толку костими и специјална сценографија; направивме се' за што поавтентично да ви ги пренесеме пораките од „Христос се роди денес“ - песна од нашата православна традиција која потекнува од некогашна Смирна, а нашите повозрасни граѓани ја пееле се' до втората половина на 20-тиот век.
Бидете во тек! Финалниот видео спот како божикна честитка до нашиот народ, ќе го објавиме за само неколку часа!
Негізгі бет За снимањето на видео спотот за „Христос се роди денес“...
Пікірлер